понеделник, 23 март 2026

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ, 24 март 2026 година. Според новата пресметка, цените на бензините остануваат непроменети, но раст има кај дизелот, маслото за греење и мазутот.

 

Објавено на

часот

Сподели

Новите максимални цени изнесуваат, еуросупер БС-95 – 86,50 денари за литар, еуросупер БС-98 – 88,50 денари за литар, еуродизел 95,50 денари за литар (+3,50 денари), екстра лесно масло (ЕЛ-1) 92,00 ден/л (+2,50 денари) и мазут М-1 НС: 47,610 ден/кг (+0,157 денари)

Од РКЕ информираат дека просечното зголемување на цените изнесува 1,39 отсто во однос на претходната одлука, при што главен фактор е растот на референтните цени на светските пазари, особено кај дизелот и бензините.

„Сепак, примената на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто значително го ублажува ценовниот удар. Доколку останеше ДДВ од 18 отсто, бензините ќе беа поскапи за околу 6,5 денари по литар, а дизелот за дури 10,5 денари“, велат од РКЕ.

Од Комисијата потенцираат дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците имаат можност да продаваат и по пониски цени.

„Во позадина на поскапувањето стои значителниот раст на светските цени на нафтените деривати, кои во споредба со претходната пресметка се зголемени и до над 16 отсто, како и благо слабеење на денарот во однос на доларот“, велат од РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ