недела, 14 декември 2025

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините

Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 0,50  денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

„Моторен бензин еуросупер БС – 95 ќе чини 75 денари/литар, моторен бензин еуросупер БС – 98  ќе биде 77 денари/литар, дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 71,50 денари/литар, маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 71  денари/литар и мазутот М-1 НС 40,158 денари/килограм“, се наведува во соопштението од РКЕ.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 отсто во однос на одлуката од 14.7.2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ