вторник, 9 декември 2025

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денска објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово потпишавме договор за пет нови дестинации коишто ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага –Скопје“, изјави Николоски.

Со новите пет линии и 11-те кои веќе се отворени, како што посочи, само за една година се реализирани 16 нови авиолинии.

„И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром. Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии. Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. Нека е аирлија!“ – истакнува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ