Новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори, вели Меџити.
Тој додава дека имињата на кандидатите за градоначалници на престојните избори се уште не се дефинирани.
„Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите кои бараат спојување на Вреди во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на Вреди. Ме интересира концептот. Не е важно кој ќе биде претседател“, изјави Меџити во интервју за „Телеграфи Македонија“ и нагласи дека успехот на проектот е поважен од поединечните позиции.