Како што соопшттија од Министерството за транспорт, линијата Охрид – Братислава, која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис-секторот, потврдија двајцата соговорници.

Вицепремиерот Николоски, се посочува, истакнал дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
„На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима. Вицепремиерот Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти, кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура“, се наведува во соопштението.
Николоски, воедно упатил честитки за изборот на амбасадорката, притоа изразувајќи благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји, стои во соопштението.






