Од Турција се враќаат пет пациенти, двајца од Бугарија и еден од Словенија.
„Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ 8 Септември, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во хируршка клиника Св.Наум Охридски.
Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија“, соопшти Министерството за здравство.