„Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано. ,Европскиот аеродром како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора. Од компанијата Бизер објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 октомври“, напиша Николоски на фејсбук.
Вчера, Николоски најави дека од 31 октомври ќе има нова авиолинија и од Скопје до Ларнака во Кипар, а во интервјуто за МИА дадено по потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Николоски вели дека се разговара и со „Рајанер“ да дојдат на македонскиот пазар.