понеделник, 23 февруари 2026

Од денеска нова можност за онлајн надополнување на картичката со билети на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Оттаму појаснуваат дека за граѓаните да надополнат картичка, треба да влезат на skopjebus.mk, да изберат„Надополни картичка“, да ги внесат потребните податоци за картичката, да одберат дали сакате билети или износ (средства) и да ја потврдат и завршат постапката.

„Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load,“, наведуваат од ЈСП – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ