петок, 5 декември 2025

Од денеска може да се собираат потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Денеска почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8,30 до 16,30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ДИК, подрачното одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште, а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.

Постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември во 24 часот.

Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници. Изборите во овие општини се закажани за 11 јануари 2026.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ