Изложувачите ќе претстават производи и најнови трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а ќе има и нов сегмент, кој оваа година е во фокусот на саемот, посветен на монтажни и модуларни куќи.
„Со очекувани над 15.000 посетители и повеќе од 70 застапени брендови, саемот на мебел претставува одлична можност за компаниите од оваа индустрија да ги претстават своите модели, технологии и концепти пред широка и таргетирана публика, како и да воспостават нови деловни соработки“, наведуваат организаторите.
Тие посочуваат дека посетителите ќе може да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и јавни простори.
„Сето тоа ќе биде достапно по специјални саемски попусти, а на својот штанд Комерцијална банка ќе им понуди на посетителите атрактивна кредитна понуда и финансиски олеснувања, вклучително и можности за потрошувачко кредитирање, овозможувајќи полесно реализирање на нивните планови за уредување на домот или избор на идеален мебел. Посетителите ќе имаат можност и директно да се информираат за условите, да добијат совет и да се запознаат со финансиските решенија што банката ги нуди за опремување и уредување на домот“, се наведува во соопштението.
„Саемот на мебел 2026“ за посетители ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а на последниот ден (недела, 29 март) ќе работи од 10 до 17 часот. Со купената влезница за саемот, која чини 150 денари, се добива ваучер за гратис кафе од Saccaria.






