петок, 19 декември 2025

Oд денеска директна авиолинија од Скопје до Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Визер“.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот лет  ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија  Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота.

Од скопскиот аеродром од денеска повторно се лета до Ларнака и ќе има летови секој вторник и сабота.

Скопје вчера се поврза авионски со Стокхолм и Бари, а Охрид со Базел.

Летовите ги реализира „Визер“ со субвенции од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ