„Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.
Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“, напиша Николоски.






