сабота, 20 декември 2025

Од денеска без мобилен и слушалки на велосипед, при преминување на пешачки премин….

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува  дека од денеска почнува примената на измените и  дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштат. Новите законски решенија се воведуваат во насока на елиминирање на одредени навики кај пешаците и возачите од определени категории возила.

Објавено на

часот

Сподели

„Пешакот е должен кога се движи по коловоз под услови утврдени со  овој закон или кога преминува преку коловозот и велосипедската патека или велосипедската лента, да се движи и преминува внимателно, без притоа да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред со кој би му се намалило вниманието додека ги преминува коловозот и велосипедската патека или велосипедската лента.“

„Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред, со кој би му се намалила можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови.“

„Возачот на електричен тротинет за време на управувањето со возилото  не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред со кои би му се намалила стабилноста и можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните  уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови.”

Казните за непочитување на овие одредби се до 50 евра.

Со овие законски измени се поставуваат нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, при што, пешаците, велосипедистети, возачите на електрични тротинети и останатите учесници во сообраќајот предвидени со законското решение, се обврзуваат да учествуваат во сообраќајот без да користат електронски уреди кои им го одвлекуваат вниманието, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. „Целта на ваквите законски измени е созадвање на услови за поголема безбедност, намалување на ризиците и заштита на човечките животи. Во таа насока, Советот упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи безбедноста на патиштата е заедничка одговорност,  на сите нас“, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ