понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Од 80 општини четири ќе ги водат жени

На овие локални избори имаше вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои 32 беа жени или 10,35 отсто.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот.

Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.

Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“.

Градоначалнички мандат во вториот круг освоија и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија Димитриева во Општина Демир Капија.

На овие избори имаше вупно 309 кандидати за градоначалници, од кои 32 беа жени или 10.35 отсто.

Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека, по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Во 16 општини и Градот Скопје имаше по една жена кандидат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ