СВР Скопје соопшти дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
-Трката ќе почне со стартна позиција од Порта Македонија, десно по должина на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, соопшти СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.