Денес, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски како и директорот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ Синиша Ивановски, извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град, кој наскоро ќе стане реалност за сите граѓани.
„Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава. Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од 1 септември таа треба да биде пуштена во употреба“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една година, додаде тој, односно дека трите линии ќе бидат функционални на крајот на 2027 година.
До денес, вели Николоски, прогресот на првата линија која што оди од Зелениково, преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 проценти, што е согласно динамичкиот план.
Според него, за таа цел со Железница Транспорт интензивно работат на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, за тоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа е проект кој што го работиме исто така интензивно, паралелно со овој инфраструктурен проект.
Николоски посочи дека проектот „Градски воз“ првично бил замислен во три фази, но поради побрзото од очекуваното проектирање од страна на ЈП Железници Инфраструктура, годинава се очекува да биде распишан еден заеднички тендер за втората и третата делница. Со тоа, како што рече, рокот за целосно завршување на проектот би се скратил за најмалку една година, па наместо подоцна, сите три линии би можеле да бидат функционални до крајот на 2027 година. Министерот оцени дека тоа, заедно со добрата координација со ЈСП, значително ќе помогне во растоварување на сообраќајот во Скопје, а доколку паралелно се реализира и БРТ-системот, до 2029 година би можело да има сосема нова слика во градскиот превоз.
Инаку, БРТ, односно брз автобуски превоз, е систем на јавен транспорт што функционира како „автобуски трамвај“ — автобуси со голем капацитет се движат по посебно издвоени ленти, застануваат на уредени станици каде билетите се валидираат однапред и затоа се побрзи, поредовни и помалку заглавуваат во метеж.
„Време кога нема да се прашуваме дали можеме подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме“, вели Ѓорѓиевски
Првата линија од новиот Градски воз во Скопје, која ќе ги поврзува Зелениково и скопската Железничка станица, ќе биде градежно завршена до јуни, а официјално ќе биде пуштена во сообраќај на 1 септември, со почетокот на новата учебна година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.






