среда, 11 јуни 2025

Од 1 јули прво намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Објавено на

часот

Сподели

Царинскиот закон за тарифите што е веќе во владина процедура и кој ќе опфати над 70 тарифни броеви, беше една од темите на денешната средба на Димитриеска Кочоска со претседателот на Комората Бранко Азески.

„На средбата денеска најмногу се задржавме на царинскиот закон за тарифите што веќе влезе во владина процедура и според кој, на над 70 тарифни броеви ќе им се намалат царинските тарифи за 50 отсто, но помеѓу она што значи стапка во ЕУ и повисоката стапка кај нас. Значи, двапати ќе ги намалуваме тарифите додека не ги усогласиме со ЕУ. Првото намалување за 50 отсто ќе почне од 1 јули и мислам дека ќе значи и поддршка за компаниите да произведуваат и извезуваат повеќе, да им овозможиме фер услови во однос на европските“, потенцира министерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ