вторник, 24 февруари 2026

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: МВР и АНБ проценија дека не може да му се гарантира безбедноста во затвор

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство, а во контекст на реакциите на јавноста во врска со одлуката да предложи куќен притвор наместо ефективен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој вчера беше уапсен на граничниот премин Блаце, осомничен за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.

Објавено на

часот

Сподели

Од Обвинителството нагласуваат дека во однос на реакциите на јавноста во врска со определената мерка за обезбедување – куќен притвор за Артан Груби, еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.

„Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка. За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело проневера во службата. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид. Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка“, велат од Јавното обвинителство.

Синоќа, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на поранешниот прв вицепремиер и министер за односи со заедниците, Артан Груби кој претходно беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот,

Претходно, на Груби му беше изречена мерка притвор откако тој избега од Македонија непосредно по почетокот на полициската акција во која беа уапсени други осомничени во случајот „Државна лотарија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ