„Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување. Со возилото преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и со предниот лев страничен дел од автомобилот удрил во возило фиат стило кое доаѓало од спротивна страна. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот фиат стило“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – привремено одземање на возачката дозвола на осомничениот и забрана за издавање нова.
„Предлогот е поднесен, пред се поради потребата осомничениот да не се јавува како учесник во сообраќајот со моторно возило најмалку до завршување на кривичната постапка против него, имајќи предвид дека како последица на неговите дејствија во сообраќајот е настаната последица, односно се предизвикани телесни повреди кај едно лице“, соопштија од обвинителството.