понеделник, 14 јули 2025

Обвинителството сомничи двајца кумановци за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело разбојништво.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале“, соопшти ОЈО Куманово.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ