„Имајќи ги предвид сите околности, а особено опасноста тој да го повтори делото или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Во меѓувреме, надлежниот јавен обвинител ќе издаде насоки до правосудната полиција да ја прибави целосната документација и да го испита досегашното извршување на мерката задолжително психијатриско лекување на наведеното лице“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Обвинителството побара притвор за осомничениот за убиството во психијатриската болница во Бардовци
Во врска со убиството што се случи во Психијатриската болница во Бардовци во Скопје, Јавното обвинителство попладнево информираше дека надлежен јавен обвинител води постапка против еден осомничен за кривично дело убиство.

Објавено на
часот





