среда, 4 февруари 2026
По допрен глас

Обвинителството отвори предмет за транспортот на човечки мозочни примероци во САД

Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас по медиумските објави поврзани со документите од случајот со Џефри Епштајн, во кои се појавуваат наводи дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани во САД за научно-истражувачки цели.

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, природата на овие наводи е сериозна и чувствителна, бидејќи опфаќа обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и можни прашања за почитување на законските и етичките стандарди при експериментирање со човечки биоматеријали. Токму поради тоа е оформен предмет со цел да се испита дали постојат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Предметот е доставен на понатамошно постапување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму треба да се преземат дејствија за прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи.

Фокусот на истрагата ќе биде насочен кон утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, како и можни пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности за вакви активности.

Македонски професор на Универзитетот во Колумбија посредувал во набавката на мозоци од Македонија за експерименти во неколку универзитети во САД, пишува во најновите објавени документи од американското Министерство за правда од истрагата за Епстин.

Во документите пишува дека се работи за околу 1.000 мозоци, меѓу кои и од лица кои се самоубиле. Не се знае дали семејствата на починатите во Македонија дале согласнот за употреба на органи, ниту пак дека македонската држава дозволила вакво нешто. Во објавениот мејл од 5 февруари 2019 година пишува за некои испитувања за причините на самоубиствата, за биологијата на самоубиствата.  Се споменуваат неколку имиња на еминентни научници од американските универзитети во Питсбург, Колумбија, Њу Јорк, Јејл…

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ