„Во однос на извештајот за Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во 2023 година, истиот е доставен до обвинителството и во јуни 2025 година е испратен на надлежно постапување во ОЈО Скопје. Оформен е предмет и се преземаат дејствија за проверка на наводите“, велат од Јавното обвинителство.
Според наводите на ревизорите објавени во извештајот за работа на ова претпријатие во јули годинава, Државниот завод за ревизија (ДЗР) не може да ја потврди билнсната состојба на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт (ЈП) поради тоа што повеќе години наназад не е извршен попис на средствата, побарувањата и обврските и не е вршено усогласување на сметководствената евиденција со фактичката утврдена со попис, голем дел од документацијата на ЈП е изгубена поради поплава во деловните простории или одземена во истражни постапки од надлежни органи, почнувајќи од јануари 2020 година сметководствената евиденција ја врши надворешен правен субјект без при тоа да постои доказ дека за сите позиции во Билансот на состојба искажани на ден 31.12.2019 година ЈП има предадено поткрепувачка и веродостојна документација за нивната дотогаш утврдена
вредност.






