Станува збор за коментари напишани под видео-прилог на Видиновски, кој се однесува на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Според обвинителството, коментарите содржеле сериозни закани, говор на омраза, ксенофобични пораки и содржини што поттикнуваат национална нетрпеливост.
Поради природата и тежината на наведените пораки, како и фактот дека станува збор за новинар кој извршува професионални задачи од јавен интерес, обвинителството оформило предмет со цел да се утврди идентитетот и евентуалната кривична одговорност на повеќе лица.
Предметот е доставен на понатамошно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да преземе дејствија за испитување на сите индиции за постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Вчера Македонската асоцијација на новинари – МАН повикува Јавното обвинителство веднаш да преземе мерки против лицата кои му се закануваат на новинарот и уредник во Канал 5 ТВ, Александар Видиновски. Заканите, упатени по објавата на видео за непрописно паркирани возила пред Бугарската амбасада, вклучуваат говор на омраза, ксенофобија и национална нетрпеливост, како и директни закани по животот на новинарот.






