вторник, 15 јули 2025

Обвинителството отвори истрага за илегална продажба на кокаин во Велес

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес донесе наредба за спроведување истрага против еден осомничен за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според Јавното обвинителство, осомничениот 53-годишник, на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин на лице од Велес. Дрогата се договориле да му ја продаде за 50.000 евра, од кои околу половина од сумата купувачот-сведок оставил на договорена локација пред преземањето на пратката.

„Кокаинот тогаш беше откриен при истрага и претрес во куќа на улицата “Петар Алчев” во Велес, каде се утврди дека еден осомничен преработувал наркотична дрога кокаин и тоа од чист кокаин во крек кокаин, а уште две лица во тоа му помагале. Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донел решение со кое на осомничениот му определил мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ