Според Обвинителството, осомничениот престанал да ја тепа сопругата кога таа започнала да крвари, по што жртвата успеала да се засолни во тоалетот и да повика полиција и брза помош.
„Осомничениот слушнал дека оштетената повикува помош, по што го напуштил станот. Кај оштетената била констатирани бројни повреди на главата, но и на плацентата во која е сместен плодот“, информираа од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.






