вторник, 3 март 2026

Обвинителството отвори истрага по вчерашниот трагичен настан во Карпош

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во скопската населба Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, информираа днеска од Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од ОЈО Скопје, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна.

„Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации. Во текот на вчерашниот ден беше наредена и обдукција на починатите. Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побара детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ