Според наводите на обвинителството, дента пред убиството, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од тројцата браќа и убиениот. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од дома зеле автоматска пушка калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил волво со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на убиениот соселанец.
Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе повреди од кои жртвата веднаш починала.
„По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат“, соопштија денеска од Јавното обвинителство.






