среда, 14 јануари 2026

Обвинителството ќе го истражува богданчанецот кој свирепо ја уби мајка си

Основното јавно обвинителство (OJO) Гевгелија донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело убиство, информираа од Јавното обвинителство.  Осомничениот, завчера, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја убил сопствената мајка.

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот.

„Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала“, информираа од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе избега или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ