Од обвинителството соопштуваат дека се преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на причината за смртта. Иако првичните траги и сознанија од увидот не упатуваат на сомневање за кривично дело, истрагата продолжува.
Наредена е обдукција, ќе се извршат распити на повеќе лица, а обвинителството и истражните органи интензивно работат на расчистување на случајот и целосно утврдување на околностите под кои настапила смртта.






