понеделник, 15 декември 2025

Обвинителството истражува како слеп човек добил возачка дозвола кој предизвика сообраќајна несреќа и усмрти девојка од Кавадарци

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци испратило известување до ОВР Неготино дека обезбедило докази и побарало да се извршат проверки како маж со 99 проценти слепило добил возачка дозвола и инвалидска пензија, а кој предизвика сообраќајна несреќа и усмрти девојка од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството ќе истражува како додека траела истрагата за страшната несреќа што ја предизвикал, слепиот возач успеал и да ја продолжи возачката дозвола односно како МВР му дал возачка на човек што прима инвалидска пензија врз основа на слепило. Обвинителството ќе истражува и дали навистина обвинетиот има 99 посто оштетен вид и како ја добил таа инвалидска пензија штом може да вози.

„Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило цитроен џампер со велешки регистарски ознаки иако во тој момент не поседувал важечка возачка дозвола, односно истата му била со истечена важност. Кога пристигнал на критичното место викано Лаки не обрнал внимание на пешаците кои се движеле во близина на работ на коловозот. Со ретровизорот удрил во главата на пешакот Ангелина Ангелова, која била отфрлена од патот и кај која биле предизвикани тешки телесни повреди – скршување на черепот, вратни пршлени и повеќе коски од кои починала. Кај оштетената исто така е утврден одреден пропуст бидејќи имала можност визуелно да го забележи товарното возило и навреме да го избегне, но тој пропуст е од секундарен карактер согласно извршеното вештачење“, соопшти денеска Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ