Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Германија, Италија и Холандија.
Просторијата е прва од ваков вид во рамките на јавното обвинителство во државава, прилагодена според највисоките европски и меѓународни стандарди чија цел е создавање безбедна и поддржувачка средина за жртвите на трговија со луѓе, особено децата, соопштија од Обвинителството.
„Оваа донација за нас не е само материјална поддршка, туку признание дека сме на добар пат и се залагаме за вистинските вредности – особено кога се во прашање децата и ранливите категории“, изјави Основниот јавен обвинител Ислам Абази во своето поздравно обраќање, додавајќи дека „просторијата не е само функционален простор, туку алатка од суштинско значење“.

„Таа е одраз на нашата заложба како институција да бидеме на страната на граѓаните – особено на оние на кои најмногу им е потребна заштита и разбирање“, вели Абази.
Во духот на воспоставување на нови стандарди, јавниот обвинител порача дека ова треба да е почеток на нови стандарди – стандарди кои ќе го почитуваат човекот, ќе го штитат детето и ќе ѝ дадат лице на правдата која зрачи со доверба.






