Коцевски вели дека Обвинителството ја чека одлуката од Комисијата за каридохируршки интервенции за случај и да му ја достави потребната документација за, како што рече тој, „евентуално да постапиме и да дадеме одредени упатства за преземање дејствија“.
Тој уште рече и дека сѐ уште не се знае дали ќе има проширување на осомничени за злоупотреби во Платежната агенција за земјоделство. Во моментов се истражуваат телефоните, во притвор се неколкумина, еден во домашен.
„Постапката мора да биде брза имајќи предвид дека се работи за притворенички предмет. Но, се зависи од добивање на доказите односно обезбедување цврсти и сигурни докази“, додаде државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостувањето на Сител.






