сабота, 13 декември 2025

Обвинителството бара притвор за скопјанецот кај кого беа пронајдени сто куршуми

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На 30 октомври, при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата “Кемал Сејфула”, биле пронајдени сто куршуми со калибар 7,62Х39мм, наменети за испалување од различни видови огнено оружје.

Притворот е предложен поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото што му се става на товар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ