петок, 3 април 2026

Обвинителството бара притвор за осомничен битолчанец за дистрибуција на детска порнографија

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија, информираа од Јавното обвинителство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, осомничениот 31-годишник, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија.

„Постапката е резултат на предистражни дејствија на Јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца“, информораа од Јавното обвинителство.

Во акцијата на австралиските служби биле откриени корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ИП адреси од кои дел биле во Македонија, за што било испратено известување и до македонските истражни органи.

„Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија. За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола доставен е предлог за определување мерка притвор“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ