По 22 часа распит во полициска станица, директорот на Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми, и управителот за отпад во претпријатието беа спроведени во кривичниот суд.
„Со пропуштање на целосниот надзор на собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.
Според Кривичниот законик, за ова дело предвидена е казна затвор од минимум една до максимум десет години затвор.
Рустеми е в.д. фиректор од јануари годинава, а на оваа функција е назначен од градоначалничката Арсовска.






