четврток, 5 март 2026

Обвинителството бара нови два дена притвор за Јовановски чија сопруга Ивана и шестгодишната ќерка починаа по пад од тераса

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за Стојанче Јовановски чија сопруга Ивана и шестгоришната ќерка Катја починаа по пад од тераса во семејниот дом во наслебата Тафталиџе во скопската Општина Карпош. Завчера, Кривичниот суд Скопје му одреди притвор од 48 часа на Јовановски кој се сомничи дека ја поттикнал трагедијата во која починаа сопругата и ќерка му.

Објавено на

часот

Сподели

Од Јавното обвинителство соопштија дека продолжување на притворот се бара бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена.

„Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Завчера, Кривичниот суд Скопје му одреди притвор на Јовановски кој се сомничи дека ја поттикнал трагедијата во која починаа сопругата и ќерка му.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ