вторник, 10 јуни 2025

Обвинителство вложи жалба за куќниот притвор за Васев и Нухи

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”. Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка, информираа денеска од ОЈО Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од ОЈО Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје, вчера, им определи мерка куќен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Хехат Нухи и двајцата бвинети во случајот „Онкологија“ за повеќе кривични дела меѓу кои тешки дела против здравјето на луѓето.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ја заврши истрагата и завчера до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе две обвиненија за случајот Онкологија. Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на клиниката опфаќа две лица. Првиот обвинет, во својство на службено лице – медицински директор и вториот обвинет, во својство на организациски директор на клиниката се обвинети за продолжени кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата  и проневера во службата. Повеќето од дејствијата ги сториле во соизвршителство и во временски период од 2018 до 2022 година. Второто обвинение е и против четворица лекари за тешко загрозување на здравјето на луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ