За ѓубрето во Скопје кое не беше собрано повеќе од два месеци, засега се води истрага за неколку лица од „Комунална хигиена“, меѓу кои и директорот. Но, за никој од Град Скопје, кое раководи со претпријатијата за чистење на градот нема постапка.
„Има една информација која стигна вечерва до мене, а поткрепена со документи и ги повикувам надлежните институции да постапуваат, а тоа е дека биле ангажирани возила изминатиов период за чистење во Комунална хигиена, и тие возила се плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра, така што повикувам да се вклучат институциите надлежни за ова и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во Комунална хигиена“, рече вчера Ѓорѓиевски.
Но, од Обвинителството велат дека надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР и Финансова полиција и дека до Обвинителството никој не доставил пријава, ниту известување.
Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „72 часа чисто Скопје“.
Градоначалникот Ѓорѓиевски во изјавите по стапувањето на функција додаде дека секој што се огрешил и за секој за кого ќе бидат најдени докази, ќе одговара.






