вторник, 3 март 2026
ОЈО ги гони за зоупотреба на службената положба

Обвинетите полицајци тврдат дека не се виновни и дека не пишувале погрешни податоци кога правеле контроли во „Пулс“ во Кочани

Кире Богатиновски, Горан Лзаров и Александар Темелков, полициските слубеници обвинети за неизвршување на должностите кога правеле проверки во дискотеката Пулс не чувствуваат вина за злоупотеба на службената положба. На денешното прво рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје тие во судница рекоа дека не се виновни.

Објавено на

часот

Сподели

Но, Основното јавно обвинителство вели дека тие не се дирекни предизвикувачи на пожарот во кочанската дискотека Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, ама ја злоупотребиле службената полжба и не постапиле согласно законските обврски.

„Според наводите во обвинителниот предлог, во периодот од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024 година, двајца инспектори од ПС ОН Кочани при спроведување акциски контроли во угостителскиот објект Пулс не постапиле согласно анекс-плановите за акциска контрола и внеле неточни податоци во службените записници. Тие, како што се наведува, при изготвување на записници за извршена контрола констатирале прекршоци по член 21 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, но внеле неточни податоци за правното и одговорното лице на кабарето. Наместо вистинскиот субјект, во документацијата било наведено друго правно лице, кое според приложената тековна состојба од Централниот регистар било неактивно, како и физичко лице кое не било одговорно лице на клубот. Третообвинетиот, командир на ПС ОН Кочани, според обвинението, одобрил и потпишал барања за поведување прекршочни постапки и ги доставил до Основниот суд во Кочани, иако бил должен да ја провери точноста на податоците и статусот на правното лице. Со тоа, како што се наведува, овозможил поведување постапки против неактивен субјект и лице кое не било одговорно за утврдените прекршоци“, стои во обвинителниот предлог кој го застапува обвинителката Ивана Трајчева.

Во обвинителниот предлог се тврди дека со ваквото постапување обвинетите прибавиле имотна корист за друго правно лице – сопственик на кабарето „Пулс“, како и за одговорното лице на тој субјект.

Обвинителството смета дека обвинетите, искористувајќи ја службената положба и неисполнувајќи ги своите законски обврски, сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во листата на докази против нив има записници за извршени контроли, извештаи, потврди, известувања, а предвидено е и сослушување на сведоци.

Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 18 март.

Катерина Додевска 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ