недела, 15 јуни 2025

Обвинетите однапред се спремале за убиството на Вања Ѓорчевска, тврди Oбвинителството

Јавното обвинителство на денешното рочиште за двојното убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска приложи нов доказ со кој сака да докаже дека обвинетите планирале да ја убијат Вања Ѓорчевска уште на 24 ноември 2023 година, кога направиле прв неуспешен обид да ја грабнат. Снимката што беше изведена пред судот покажува дека обвинетиот Велибор Манев се вратил дома по лопата по што обвинетите заминуваат од Велес кон Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Судот донесе решение да се прифати предлогот на обвинителството и да се изведе предложената снимка од куќата на обвинетиот Велибор Манев.

„На снимката, од 24 ноември 2023 година, во 4:29 часот, но реално време 3:29, се гледа како пред куќата на обвинетиот Велибор Манев стои обвинетиот Боре Видевски и чека. Манев излегува и се гледа дека од дворот на куќата излегува ‘рено кангу’ и во него влегува Боре Видевски и се упатуваат во насока кон Велес. Овој дел од снимката веќе беше изведен и прикажан на главната расправа, а она што не беше изведено е тоа што откако возилото заминува во насока на Велес, на снимката се гледа како после една минута и нешто, во 3:32 часот истото се враќа назад и застанува пред дворот. Обвинетиот Манев излегува, се упатува кон дворот, односно кон куќата и за кратко време, во 3:34 се враќа во возилото и во десната рака држи лопата и ја внесува во возилото. Седнува на возачкото седиште и заминуваат кон Велес. Ова е датумот 24.11.2023 година, кога е направен првиот обид за грабнување на детето Вања Ѓорчевска“ тврдат од Обвинителството.

Во изјава за медиуми, обвинителката Ана Димитровска Стојковиќ, појасни дека снимката била изнесена во одговор на тврдењата на обвинетите во нивните искази дека тие всушност немале мотив да убиваат, туку тргнале да грабнуваат луѓе.

„Но, тоа што тие дополнително се враќаат само за да ја стават лопатата и да ја земат со себе односно ја имаат истата заборавено, укажува токму спротивно од нивните искази, дека тие веќе биле подготвени за убиство. Од таа причина беше изведен и тој како доказ. Не дека ние претходно го немавме. Знаете дека и претходно беа изведувани докази дека тие во своето возило носат лопати, па се враќаат, па ја вадат лопатата. Меѓутоа, ова беше во насока на побивање на нивниот таканаречен мотив даден во одбраната. Апсолутно никако не е поврзано со вината која што стои кај обвинетиот Александар Ѓорчевски затоа што тој никако ниту е обвинет за убиство, туку за помагање при грабнување на детето“, рече таа.

Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска рече дека снимката докажува дека се исклучува било каква улога во грабнувањето и убиството на Ѓорчевска од страна на нејзиниот татко.

„Со ова се добиваат јасни контури на за намерата на сторителите на убиството и се исклучува улогата на Ѓорчевски во однос на изнудата и на кроситољубието. Досега обвинителствот не изведе никаков доказ дека таткот е вклучен во ова злосторство“, изјави Туфегџиќ.

Прашана дали сѐ уште остануваат на ставот дека мотивот е користољубие, обвинителката Жаклина Трајковска одговори потврдно.

„Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги превзеле дејствијата, само заради таа причина“, рече Трајковска.

Причината поради која што не е побарано било каков износ на пари или нешто друго, како што дополни „очигледно било во контекст на целта која што сакале да ја остварат, а не дека нема користољубие во случајов“.

На денешното рочиште, Обвинителство приложи и доказ за препознавање на автомобилот рено кангу во кое се возеле дел од обвинетите.

„Доказ број 42 од листата на докази од обвинителниот акт од 31.05.2024 година е известување од МВР, СВР Скопје, одделение за крвни и сексуални деликти, кој е изведен доказ, но во чиј прилог се наоѓа извештај од ЛПР системот од Безбеден град за локацијата на ‘рено кангу’ СК-403-УИ, на 22 ноември 2023 година, а на кое што во неколку наврати се осврна обвинетиот Палевски. Овој извештај од ЛПР системот како таков не е изведен како доказ. Му предлагам на судот да биде изведен како доказ, иако е доставен до судот со известувањето и со доказот број 42. Оригиналот од него веќе е во судот. Насловот би бил „Известување од ЛПР системот од системот на МВР Безбеден град по наредба од ОЈО Скопје, за препознавање на возилото ‘рено кангу’ од 21.11 до 02.12.2023 година“, рекоа од обвинителството.

На ова веднаш реагираше Палевски велејќи дека судот го одбил истиот овој доказ на негово барање.

„Беше прошверцувано со решение на суд, а не со листа на докази. Знаејќи дека ќе го предложам ова ако дополнителен доказ, ОЈО го изведува во дополение, за да не можам јас да го изведам тој доказ. Овој ЛПР извештај е доставен, како и видеозапис од предметното возило регистрирано од безедносните камери, во временски период од 22 до 27 ноември. Наведено е дека податоците не се доставуваат до ОЈО Скопје, туку до МВР, Единица за насилен криминал. Иста ваква наредба, со идентичен број, постои и за ‘цитроенот’, донесена на ист ден, 2.12.2023 година. И за ‘цитроенот’ е доставен ваков ЛПР извештај. Паметен град доставил два доказа по оваа наредба. Извештај-табела од серверот кој ги снима камерите. Во наредбата и во споменатото известување доставено им е едно цеде во Јавното обвинителство, од кое Обвинителството не знае каде е само фајлот од 22.11.2023. Останатите фајлови ни беа презентирани, за движење на возилата во Скопје, за 24.11.2023 од обидот за грабнување на Вања. Тие видеа беа презентирани и не знам како ги добиле, ако на истото цеде се наоѓа и видеото од камера 67 од Нов мост железничка. Како е можно да се повикувате на известувањето од 12.01.2023, каде Дејан Димовски уредно напишал дека ви доставува ЛПР извештај и едно цеде, а вие пред судот денеска велите дека не знаете каде е или дека не сте примиле такво цеде? Вие денеска изведовте видеа од тоа цеде, евидентирани токму во ЛПР извештајот. Видеата се следни – видео од Нов мост железничка“, рече Палевски.

Тој не се согласи овој доказ да биде изведен пред судот затоа што, како што рече, тој најавил дека тој ќе го изведе овој доказ во дополнителната постапка.

Сепак, судот донесе решение да го прифати предлогот на Обвинителството да се изведе како доказ ЛПР извештајот, известувањето од МВР за системот „Безбеден град“ за следење таблици за возилото рено кангу од 21.11.2023 година до 24.11.2023 година.

„Овој доказ е од значење бидејќи според системот на МВР, ‘рено кангу’ е забележано на 22.11.2023 после полноќ, во 00:15 и тоа е неспорен факт. Сепак, а во одговор на наводите на одбраната, Обвинителството укажува дека нема никаква спротиставеност меѓу сите изведени докази од Обвинителството, бидејќи, иако на главната расправа беше изведен доказ од цеде со наслов број 3 од видеозаписот од куќата на Манев, каде се гледа дека на 22.11.2023 во 00:13 часот е пред куќата, но времето на видеото кај Манев е еден час наназад и логично е дека ‘рено кангу’ тргнало околу 23 часот и стигнало во посоченото време во Скопје“ рече обвинителката.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ