вторник, 13 мај 2025

Обвинението за возачот што ја прегази Фросина Кулакова прифатено од Кривичниот суд во Скопје

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство против осомничениот Васил Јованов за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ поврзан со сообраќајката од јануари годинава што се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К“, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Со одобрениот обвинителен акт, како што дополнуваат, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 km/h на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

По овој случај под се одржаа повеќе протести во Скопје и Неготино.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ