петок, 23 мај 2025

Обвинение за зетот на починатиот новинар Зоки Фаци, кој му ги запали станот и куќата во Катланово

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против Тодор Митровиќ, зет за сестра на покојниот новинар Зоран Василевски Фаци, за две кривични дела предизвикување општа опасност, соопшти ОЈО Скопје. Според обвинителството, обвинетиот бил идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои по смртта на Василевски биле во сопственост на неговата сестра односно сопруга на Митровиќ со која биле во бракоразводна постапка. Дополнително, обвинителството побара и продолжување на мерката притвор за Митровиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Најпрво, на 1 мај телефонски и се заканувал на оштетената и на нивниот заеднички син дека ќе им ги запали станот и куќата, а еден ден подоцна ја реализирал заканата, предизвикувајќи пожар со бензин пред влезните врати на двата објекти. Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата и на станот кој се наоѓал во зграда, па била предизвикана значителна опасност за животот на луѓето. Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, соопшти ОЈО Скопје.

На 2 мај годинава била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Митровиќ, го запалил станот во кој живееше Василевски, а сега живеат неговата сестра и двајцата внуци, како и куќата што ја имаше Василевски во Катланово. Според информациите споделени од јутјуберот Стефан Лазаров сестрата и внуците на покојниот новинар Василевски подолго време биле жртви на семејно насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ