петок, 2 јануари 2026

Обвинение за возачот кој во сообраќајка го усмрти Јорго Ќука

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На обвинетиот му се става на товар дека на 3 ноември 2025 година, околу пладне, управувал автомобил „фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ