четврток, 11 декември 2025

Обвинение за таткото и двете ќерки кои насилно ја спречија АХВ да им одземе добиток

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано “Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да извршат службено дејствие и да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток, се наведува во денешното соопштение на Јавното обвинителство.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело загрозување на сигурноста. Една од двете ќерки е обвинета и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, бидејќи таа повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата, така што го влечела и го гребела по лицето. Како резултат на дејствијата на тројцата обвинети, лицата ангажирани од АХВ биле спречени да постапат по решенијата и да го одземат добитокот од обвинетите“, информираа од Јавното обвинителство.

Во текот на постапката за обезбедување на доказите, на сите тројца им беше одреден притвор.

„Со поднесување на обвинението, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката и поединечните околности кај секој од обвинетите, надлежниот јавен обвинител до судот достави предлог со кој предложи притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките“, велат од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ