недела, 14 декември 2025

Обвинение за Мерко од ОЈО Струга за осветлувањето на речното корито на Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн  Дрим, без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн  Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, иако обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката“, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ