среда, 4 јуни 2025

Обвинение за гостиварец, му се заканувал по живот на судија

Основното јавно обвинителство (OJO) Гостивар поднесе oбвинителен предлог против едно лице кое се заканило дека ќе „нападне врз животот или телото на службено лице“ – судија во Основниот суд во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од обвинителството, лицето се товари за кривично дело –загрозување на сигурноста.

„На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања. Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал“, пишува во соопштението.

Со обвинителниот предлог, како што дополнуваат, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ