вторник, 16 декември 2025

Обвинение за екс директорот на затворот Шутка, Филип Андов и седуммина други затворски полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе обвинение против осум вработени во КПУ Затвор Скопје, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше обвинителството, врз основа на прибраните докази првообвинетиот Филип Андов – Сокол како директор на затворот Скопје и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, а од нив еден полициски службеник сторил и кривично дело несовесно работење во службата, за кое дело се обвинети и останатите петмина полициски службеници.

„Осомничените во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале. Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа“, информираа од Јавното обвинителство.

Постапката беше отворена во февруари годинава против десет осомничени од кои за двајца е донесено решение за отфрлање на пријавата поради немање на докази.

На крајот на февруари годинава Андов беше уапсен, а Кривичниот суд Скопје му одреди мерки на претпазливост исто како и на останатите осомничени.

Акцијата следуваше по контроли на Управата за извршување санкции, која утврдила злоупотреби во раководењето со затворските установи. Директорот на управата Александар Пандов во неколку наврати констатирал дека дел од затворениците кои требало да бидат во своите ќелии, ги немало. На списоците биле заведени како присутни, но всушност биле во бегство.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш побараа СДСМ да се огради од Филип Андов Сокол, кој пред да стане директор беше и советник на поранешниот премиер Зоран Заев.

„По истата логика СДС сега си го брани и членот на Централниот одбор Филип Андов кој беше директор на затворот Шутка и кој жареше и палеше во затворот додека во него имало бројни криминали“, реагираа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ..

На ова веднаш врати опозициската СДСМ за која „власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда“.

„Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање. Правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои допрва треба да видиме дали се основани фрлаат дамка на сите овие процеси за кои СДСМ отворено се сомнева“, рекоа тогаш од СДСМ.

Филип Андов – Сокол беше директор на затворот Скопје од 2020 до јули 2024 година, кога беше разрешен на владина седница. На местото на Андов, за нов директор беше назначен Бобан Утковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ