недела, 13 јули 2025

Обвинение за двајца насилници од Струга, за третиот кој е малолетен ќе се води посебна постапка

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поведе итна постапка и по обезбедување на доказите поднесе обвинителен предлог против двајца жители од селото Радолишта, кои се обвинети дека сториле кривично дело – насилство. Соизвршител на истото дело бил и еден малолетник од истото село за кого ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 21 јуни тројцата извршиле грубо насилство врз еден оштетен во Старата чаршија во Струга. Инцидентот започнал како вербална расправија меѓу оштетениот и обвинетите, а кога тој се обидел да им избега стравувајќи од физички напад, му паднал мобилниот телефон. Оштетениот се вратил да си го земе телефонот, но тоа го искористиле обвинетите, го турнале на земја и почнале да го удираат по целото тело со тупаници и клоци. Жртвата бара помош од случајни минувачи, но застанал само еден автомобил, а возачот излегол и им рекол на обвинетите да го пуштат оштетениот. Повреден, со гребаници и набиеници по главата и телото, оштетениот се сокрил во близок кафе бар додека да стигне полицијата, по што бил пренесен најпрво во струшката, а потоа во охридската болница на лекување“, велат од Јавното обвинителство.

Со поднесеното обвинение надлежниот јавен обвинител предложи продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата полнолетни сторители, кои освен што извршиле насилство врз оштетениот, предизвикале и чувство на загрозување и страв во јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ