Од август 2023 година до август 2025, обвинетиот повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга, се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт, движејќи се во просторот каде таа се наоѓала. Тој психички ја злоставувал, вознемирувал и застрашувал жената и со тоа кај неа предизвикал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.
Постојано телефонски ја контактирал и ја навредувал, повремено упатувајќи ѝ закани по живот. Се обидувал да влезе и во нејзиниот дом, а ја следел и се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи.
Во текот на претходната постапка на обвинетиот му беа определени мерки на претпазливост кои не ги почитуваше, па надлежниот јавен обвинител заедно со обвинението поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор, соопшти обвинителството.






